Сари со друга песна пред медиумите од Италија, испрати порака до фановите на Наполи со која навести дека оди во Јувентус

by
2 минути читање

Стратегот откако
синоќа ја освои Лига Европа со Челси, за медиумите од Англија изјави дека сака
остане на Стемфорд Бриџ, дека ја обожава Премиерлигата и дека заслужил да
продолжи на кормилото на „сините“ за она што го сработил оваа сезона.

Сепак, во
разговор со медиумите од Италија тој навести дека може да заврши во Јувентус.

Неодамна
навивачите на Наполи оставија парола пред неговиот дом во Тоскана на која
пишуваше: „Команданте, немој да ги предадете луѓето. Неапол ве сака“.

Маурицио Сари три
години беше на кормилото на „наполитанците“, и во последната беше на чекор до
Скудетото но во финишот ја загуби битката со Јувентус.

Запрашан за оваа порака
како и другите убави зборови и честитки кои ги доби од Наполи, тренерот на Челси рече: „Задоволен
сум од комплиментите на Наполи и претседателот Де Лаурентинс. Сите во Неапол
знаат колку многу ги сакам и знаат дека минатата година одбрав да одам во
странство за веднаш да не седнам на кормилото на друг клуб од Италија“.

„Секогаш ќе ја
имаат мојата почит, но понекогаш професионалните обврски не носат на други
патишта…

Во меѓувреме,
медиумите шпекулираат дека играчите на Јувентус веќе се известени дека Маурицио
Сари ќе им биде нов тренер, а агентот Фали Рамадани ќе треба да се сретне со
Марина Грановскаја (десната рака на Роман Абрамович) и да изнајдат решение за
преселбата на тренерот во Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани