Предводникот од
клупата на Челси, Италијанецот Маурицио Сари во интервју за Газета дело Спорт
проговори за плановите околу својата иднина, тој потврди дека сака да остане на
Островот, а воедно повика и на трпение, барајќи време за да ги оствари своите
амбиции.
„Дали ќе останам
тука и идната сезона? Да, сакам да останам, англискиот фудбал има еден уникатен
ритам и атмосфера, во Англија натпреварите се играат на едно високо ниво,
можеби и највисоко од било каде, фантастична атмосфера со исполнети стадиони до
последното место, сигурен сум дека за две години работа ќе бидеме близу до
водечките екипи“ смета Сари алудирајќи на големата разлика која ја направија
Манчестер Сити и Ливерпул од останатите екипи од топ шест во Премиерлигата.
„Наполи пред мене
заврши сезона во Серија А со -24 бода зад Јувентус, со мене, во првата сезона
завршивме со -9, па -5, а на крајот со -4, имав само три седмици работа во
летото, како и 11-12 сесии за дефанзивната фаза“ заклучи Сари барајќи трпение
за да ги оствари своите амбиции со Челси.