Сари одговори на коментарите на Гери Кејхил

by
1 минути читање

Кејхил јавно се пожали на односот кој го има од Сари, оваа сезона одигра седум натпревари, а минатата беше стандарден капитен на тимот. На дефанзивецот му е криво што не добил објаснување зошто ги гледа натпреварите од трибини.

Челси синоќа го победи Ватфорд со 1-0, а Кејхил доби шанса да игра во финишот од мечот бидејќи тоа беше негов последен натпревар на Стемфорд Бриџ.

На прес конференцијата Сари беше запрашан за коментарите на Кејхил, тој рече дека не е запознаен со ситуацијата.

„Не ја знам ситуацијата, извинете. Тоа не е важно за мене. Кејхил во текот на сезоната се одневуаше навистина професионално. Одигра само пет, шест или седум натпревари, но беше навистина важен на тренинзите и во соблекувалната“, вели Сари.

„Денеска беше неговиот последен меч за Челси, па важно беше за него да биде на теренот, само на неколку минути но се уште мислам дека тоа беше многу важно за него и за фановите“.

„Тука Гери има освоено се. И мислам дека требаше да се збогува со стадионот, фановите и клубот“.

По мечот Гери Кејхил имаше убаво испраќање од соиграчите и фановите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани