Кепа го навлече
бесот на фановите на Челси и фудбалската јавност во Англија откако одби да го
напушти теренот во финалето од Лига купот. Голманот инсистираше да продолжи и
покрај тоа што Маурицио Сари сакаше во игра да го вметне Вили Кабаљеро и
четвртиот судија веќе го крена семафорот со бројките за замена.
Маурицио Сари се
обиде да ја смири тензијата и по крајот на пресметката на Вембли истакна дека се работело за недоразбирање.
„Сините“ сепак удрија по џебот на играчот и го казнија со една недела плата (околу 190.000 фунти), а
голманот синоќа беше изоставен и од стартниот тим.
Кепа би можел да
биде резерва и на следниот натпревар, но Шпанецот останува голман број 1 и
наскоро ќе застане помеѓу стативите.
„Мислам дека
одлуката да го седнам Кепа на клупа беше исправна. Тој направи голема грешка.
Му плати на клубот, потоа му плати на тимот и сега треба да ставиме крај на
сето ова. Секако дека тој останува голманот број 1. Не знам дали ќе биде на теренот
за следниот натпревар, но сигурно ќе се врати во тимот во следниот период. Не
можеме да го убиеме! Кога сте млад, се прават грешки. Најважно е да разберете
дека сте погрешиле. Па за мене, овој проблем е завршен“ – порача Италијанецот
по вчерашната победа од 2-0 над Тотнем.