Сари не ги пријави Манџукиќ и Џан за ЛШ и створи незадоволство во соблекувалната

by
1 минути читање

Емре Џан и Марио Манџукиќ нема да играат за Јувентус во Лигата на шампионите, барем не во групната фаза. Сари реши да ги изостави овие двајца фудбалери.

Ваквиот негов потег го навлече незадоволството кај двајцата фудбалери, Џан вели дека е шокиран.

„Екстремно сум шокиран“, вели Џан за Билд.

„Нашата конверзација траеше помалку од минута и не ми беше дадена никаква причина. Тоа ме прави лут и вознемирен“.

„Кога ќе се вратам од репрезентативна должност ќе зборувам со клубот“.

„Минатата недела ми беше ветено нешто друго. ПСЖ дојде по мене, но јас одлучив да останам во Јуве“.

„Условот беше дека ќе бидам во тимот за Лигата на шампионите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани