61
Весникот близок до Јувентус, „Тутоспорт“ пишува дека остануваат уште детали за Сари официјално да биде промовиран за нов тренер на Јувентус.
Стратегот веќе постигнал договор со италијанскиот клуб. Челси ќе му даде зелено светло за заминување, а во текот на денешниот ден се очекува официјално да се случи разделбата со англискиот клуб.
Откако Челси ќе соопшти дека Сари повеќе нема да им биде тренер, Јувентус ќе го промовира стратегот во наследник на Алегри.