Сантиметри фалеа Илоски да биде херој против Меси – ВАР му поништи гол! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Филаделфија и Мајами одиграа 2-2, македонскиот фудбалер имаше асистенција, даде и гол, но тој му беше поништен со ВАР, Меси постигна еден погодок.

Филаделфија поведе со гол на Василев уште во 11. минута. Десет минути подоцна Пинтер израмни на 1-1, а во 26. минута Меси погоди за водство на Интер Мајами од 2-1.

Во 58. минута по асистенција од Илоски, Пјер изедначи на 2-2. Четири минути подоцна Илоски даде и гол, навивачите се израдуваа на водство, но ВАР го поништи голот поради офсајд на еден од фудбалерите на Филаделфија.

Асистенцијата на Илоски:

Можно е и ова да ти се допаѓа

×