Љубителите на
фудбалот вчера можеа да уживаат во два одлични натпревари од Лигата на Шампионит на кои паднаа дури 14
погодоци.
Ретко кој очекуваше ваков исход, но еден храбар обложувач од Германија за малку ќе го погодел резултатот на двата
натпревари и добро ќе се офајдел.
Тој типувал дека
Атлетико Мадрид ќе слави со 2-4 на гостувањето кај Леверкузен, а Манчестер Сити
со 4-3 ќе го совлада Монако.
Со влог од 2 евра, чекал одлични 34.200 евра, и во еден момент бил на чекор до голема
добивка.
Сепак, Лирој Сане
погоди во 82. минута за 5-3 на Етихад Стадинот и обложувачот остана со празни
раце.
Како утешна
награда, тој сепак доби извинуање од самиот играч.
„Прочитав во
весниците… жали ми е за кутрото момче” – напиша Лерој Сане на Твитер.