Санчо: Ова е многу тешка сезона за мене

by
1 минути читање

За разлика од минатата сезона кога беше еден од најдобрите во тимот и го привлече вниманието на повеќе клубови, во изминатите месеци Санчо никаде го немаше, неговиот учинок беше лош.

По долго време на 3 јануари постигна гол против Волфсбург и призна дека сезонава му е тешко но работи за да го промени тоа.

Директорите на клубот гласно посочија дека тоа што не направи трансфер во Манчестер јунајтед влијае врз играта на Санчо.

„Очигледно е дека ова е многу тешка сезона за мене. Но фокусирам сум на играта и сакам да се вратам на моето ниво“, признава Санчо.

„Работам напорно секој ден на тренинзите и на теренот и среќен сум што им се враќам на головите и асистенциите“.

Во летниот преоден рок Борусија Дортмунд тврдоглаво бараше 120 милиони евра иако Манчестер јунајтед нудеше повеќе од 100 милиони но не им ја понуди сумата која ја сакаат.

Германскиот клуб не сакаше да попушти, го задржа Санчо и се чини дека направи голема грешка, тој е далеку од нивото од минатата сезона, а со ваквите игри неговата цена ќе падне, па тие ниту го добија неговиот перформанс, ниту ќе ја добијат сумата која ја посакуваа кога тој ќе замине.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×