Популарниот
„Фанантонио“ минатиот месец го раскина договорот со Сампдорија но доби зелено
светло да тренира со младинците се додека не најде нов клуб.
Но и на оваа
соработка и дојде крајот, Сампдорија денеска го известила Антонио Касано дека
повеќе не може да ги користи терените во тренинг центарот Бољаско.
„Не е проблем” – вели 34 годишнито Италијанец во
разговор со Скај Италија. „Најмногу жалам што нема да можам да вежбам со
момците”.
„Сакам да им се
заблагодарам на сите, на господинот Чичо Педоне и на младите играчи”.
„Ќе ги оставам
џентлмените од Сампдорија да објаснат зошто повеќе не можам да уживам во
тренинзите. Јас имам мои идеи, но ќе ги откријам во право време”.
„Сега ќе бидам
среќен татко, ќе седам дома и ќе чувам деца”.