Интер се враќа со празни раце од гостувањето кај Сампдорија. Избраниците на Конте имаа прилика да поведат но Алексис Санчез промаши пенал, а Ешли Јанг ја затресе пречката откако прв стигна до одбиената топка.
За промашувањето казна стигна во 23. минута, Кандрева од белата точка донесе 1-0. До крaјот на првиот дел следуваше нов шок, Кеита погоди за 2-0.
Во продолжението од мечот, Де Врај намали на 2-1, Интер притискаше за втор гол, но резултатот остана непроменет.
Аталанта забележа нов триумф откако со 3-0 ја совлада Парма. Рома со 1-3 победи на гостувањето кај Кротоне а Лацио дома со 2-1 триумфираше против Фиорентина.
Несторовски и Удинезе во 92. минута се изборија за бод на гостувањето кај Болоња, додека Сасуоло со 2-1 ја совлада Џенова, за кого не настапи Горан Пандев.