394
Големото градско дерби меѓу Сампдорија и Џенова заврши без победник 1-1, двата погодоци беа постигнати во првото полувреме.
Во 23. минута Сампдорија поведе со гол на Чехот Јанкто, само пет минути подоцна Скамака го изедначи резултатот.
Горан Пандев го одигра целиот натпревар. Капитенот на македонската репрезентација и во шестата сезона како играч на Џенова не успева да даде гол во градското дерби. Веројатно ќе има уште една шанса за тоа.