Како што пренесува Токспорт, раководството на Манчестер јунајтед смета дека само тројца фудбалери се недопирливи – Алехандро Гарначо, Коби Мејну и Амад Диало.
На Олд Трафорд може да има големи промени во следниот период ако се покажат како точни пишувањта на Токспорт.
Според овој медиум, раководството на Манчестер јунајтед смета дека само тројца фудбалери се недопирливи – Алехандро Гарначо, Коби Мејну и Амад Диало.
Сите останати можат да бидат продадени доколку пристигне примамлива понуда, а причина е Финансискиот фер плеј.
Ваквите информации беа објавени по написите дека Реал Мадрид пројавува интерес за Лисандро Мартинез.
Аргентинецот е еден од милениците на навивачите, и многумина сметат дека тој е едно од малкуте погодени засилување во последните години. Сепак, како што наведува Токспорт, Лисандро Мартинез не е недопирлив, и доколку некој понуди солидна сума, „ѓаволите“ ќе седнат на преговори.