Српскиот стратег
на 18. јуни беше промовиран како нов предводник на Спортинг, клуб кој е во хаос
откако дури девет фудбалери побараа раскин на договорот поради инцидентот во
кој група навивачи влезе во тренинг комплексот и физички ги нападна фудбалерите
и тренерскиот персонал.
Синиша Михајловиќ
стави потпис на две годишен договор со опција за уште додатни 12 месеци, но
неговата авантура во Лисабон ќе заврши уште пред да започне.
Изминатиов викенд
фановите му изгласаа недоверба на претседателот Бруно де Карваљо, па во
моментов со клубот раководи комитет на чело со Соуса Синтра.
Новото
раководство не го сака Синиша Михајловиќ и речиси сите весници утрово пренесоа
дека стратегот ќе биде избркан. Србинот требаше да заработува 2 милиони евра по
сезона, но „Зелено белите“ бараат „дупки“ за да не му исплатат никакво
обесштетување.
Се шпекулира дека
Спортинг ќе се повика на тоа што во договорот имало пробен период од 15 дена, тоа
што Синиша Михајловиќ се уште официјално не започнал да ги води тренинзите, како и
тоа дека „Лавовите“ се уште немаат потпишано со неговите помошници.