Само Реал Мадрид и Баерн Минхен се подобри од Милан во 2020

by
1 минути читање

Малку кој ќе поверуваше дека Милан ќе се најде веднаш зад Реал Мадрид и Баерн Минхен по собрани бодови во домашните првенства во 2020 година, но росонерите играа брилијантно.

На 35 натпревари во домашната лига, Реал Мадрид освоил 82 бода и е најуспешен клуб, втор е Баерн Минхен со 79, исто толку има и Милан на третото место, но разликата е во тоа што росонерите имаат одиграно 35 меча, а Баварците 30.

Ливерпул е четврти со 76 бода од 34 натпревари, Порто е на петтото место со 69 од 30 меча.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×