Само бод за Челси против Астон Вила, кризата на сините продолжува (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси е во криза, на последните пет натпревари од Премиерлигата има само една победа, денеска тимот на Лампард им приреди ново разочарување на своите навивачи откако на домшан терен одигра 1-1 против Астон Вила.

Лампард направи неколку промени во составот во однос на претходните натпревари и се чинеше дека тоа вродува со плод откако Жиру во 34. минута постигна гол за водство од 1-0.

Но по пет минути игра во второто полувреме Ел Гази го изедначи резултатот на 1-1 што беше и конечен резултат.

Ремито го носи Лампард чекор поблиску до отказ, а како нов потенцијален тренер на Челси се посочува Томас Тухел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×