Само 180 секунди му беа потребни на Трајковски да постигне гол, Палермо славеше против Лече (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Сицилијанците“ привремено се искачија на втората позиција на табелата откако
вечерва пред своите фанови ја добија пресметката со Лече.

Александар
Трајковски го отвори резултатот, на Македонецот му беа потребни само 180
секунди да ја затресе противничката мрежа и со прецизен удар по земја од врвот
на шеснаесетникот донесе 1-0.

На стартот од
вториот дел, Трајковски му асистираше на Пушкаш за 2-0, а пред крајот на мечот
гостите стигнаа само до почесен гол преку Табанели во 95. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани