Екипата на Галатасарај вчера приреди големо изненадување и на свој терен славеше над Ливерпул со 1-0.
По натпреварот, една од најголемите ѕвезди на Ливерпул, Мохамед Салах призна дека било тешко да е игра во атмосферата која ја создавале навивачите.
Салах истакна дека никогаш во кариерата не доживеал нешто слично.
„Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера. Многу тешко беше да се фокусираме. Едвај се слушавме на теренот, тешко одеше. Честитки до Галатасарај“, изјави Салах по средбата.
Ливерпул по две кола во Лигата на шампионите има една победи и едно реми.