183
Салах објави фотографија од своето семејство како седат до елка облечени во исти пижами и напиша „Среќен Божиќ“.
Собра преку 2,5 милиони лајкови, доби и многу честитки и позитивни коментари, но имаше и такви кои го нарекоа предавник на исламот.
„Засрами се, го издаде исламот. Ти си муслиман и не смееш да го славиш Божиќ. Го знаеш тоа! Ова не е наш празник. Веќе не си гордост на Арапите. Засрами се од сопственото име. Живеам во САД веќе 20 години и никогаш не сум го славел Божиќ“, коментираат некои негови фанови кои се почувствуваа навредени.