„Црвените“ останаа без двајца напаѓачи од стартното офанзивно трио за пресметката со Барселона на Енфилд. Ако за Роберто Фирмино ова беше познато уште минатата недела, лошите вести за Мохамед Салах пристигнаа денеска.
Египјанецот во петокот заработи силен удар во главата по еден дуел со голманот на Њукасл, и иако беше изнесен на носилки, првите информации беа охрабрувачки.
Сепак, Мохамед Салах заработил потрес на мозокот и докторите не му дозволуваат да истрча на теренот и покрај тоа што играчот има желба да настапи.
„Се работи за потрес на мозокот, па воопшто не му дозволуваат да игра. Нема зелено светло за настап од докторите. Се чувствува ОК, но од медицинска гледна точка не е доволно добро. Очајно посакува да игра но нема дозвола“ – вели Клоп.