Мохамед Салах и
Вирџил ван Дајк се очекува да бидат подготвени за саботното гостување на
Ливерпул кај Хадерсфилд во рамките на десеттото коло од Премиерлигата.
Обајцата членови
на тимот од Енфилд пропуштија натпревари на своите селекции поради повреда, а
дуото одработи целосен тренинг вчера, па извесно е дека ќе му бидат на
располагање на Јирген Клоп.
Салах го пропушти
мечот против Свазиленд во вторникот откако претходно против истиот противник
минатиот петок се здоби со повреда, а Ван Дајк беше поштеден за контролката на
Холандија против Белгија, дефанзивецот имаше настап против Германија во Лигата
на нации, а на истиот меч и погоди.
Садио Мане, кој
се здоби со повреда во своите обврски кон Сенегал, како и Наби Кеита кој се
здоби со повреда играјќи за Гвинеја, остануваат неизвесни за мечот во сабота.