439
Французинот, кој
од Ливерпул е пратен на позајмица во Кристал Палас, вчера беше креатор на
ситуација која ретко се гледа на фудбалските терени.
Мамаду Сако
пресече една топка пред својот шеснаесетник и се обиде да ја изнесе на
противничката половина.
Но во еден момент
се сплетка, го загуби чекорот и кога беше обиколен од двајца противнички
играчи, му ја подаде топката на судијата.
Тука не заврши
комичната ситуација, дефанзивецот потоа со лизгачки старт ја освои топката и го
собори судијата на земја.