Легендарниот Ариго Сака го искритикува Клаудио Раниери затоа што тој одби да биде селектор на италијанската фудбалска репрезентација.
Прв фаворит на Италијанската фудбалска федерација за наследник на Спалети беше Раниери. Но искусниот стратег го одби предлогот.
„Не ја знам специфичната мотивација, но верувам дека не можете да му кажете НЕ на националниот тим“, вели Саки.
„Морална должност е да го прифатите повикот. Националниот тим е тим на сите Италијанци, за тренер тоа треба да биде највисоката цел“.
„Што е повисоко и поблагородно од тоа да се води проект што ја вклучува целата земја?“
„Ги прочитав имињата на многу тренери, од Канаваро до Де Роси и Гатузо. Не ми се дава мислење за нивните квалитети. Тие имаа свои искуства, беа големи шампиони, сигурно ја имаат сината боја залепена на кожата и ја воодушевија јавноста кога го освоија Светското првенство во 2006 година.“
„Но, да се биде селектор на Италија е многу комплицирана работа, тоа ви го кажува некој што бил на таа клупа. Мора да избирате, тренирате, управувате со притисокот, да бидете психолози… Не е лесно… Но каква радост е да седите на таа клупа.“