Весли Снајдер се потсети на дуелот помеѓу Баерн Минхен и Интер во Лигата на шампиони во сезоната 2010/2011, кога нашиот Горан Пандев погоди во 88. минута на реваншот на „Алианц Арена“ за огромно славје на „нероаѕурите“.
Во пресрет на денешниот натпревар помеѓу Баерн Минхен и Интер во четвртфиналето во Лигата на шампиони, спонзорт „Џаст Ит“ на маса ги седна Весли Снајдер и Марко Матераци.
Холанѓанецот имаше интересна приказна за двомечот во сезоната 2010/2011, кога херој беше нашиот Горан Пандев.
„Една година претходно, игравме финале во Лигата на шампионите против Баерн Минхен и очигледно победивме“ – вели Весли Снајдер.
„Следната повторно се сретнавме во Лигата на шампиони, беше четвртфинале. Загубивме со 0-1 на првиот натпревар во Милано, и кога се вратив во тунелот, пред мене беше Луј ван Гал, кој разговараше со Робен и Рибери. Беше целиот насмеан, и велеше „Завршена работа““.
„Решив да се замешам и му реков, „Тренеру, можеби победивте тука со 0-1, но не заборавај дека има да се игра уште еден натпревар“. А тој само продолжи да се смее, сметаше дека лесно ќе поминат“.
„Епа не баш, во Минхен победивме со 2-3“.
На ова се надоврза новинарот Фабрицио Романо, кој потсети дека Пандев бил стрелец на победоносниот гол во самиот финиш од натпреварот.
На тој натпревар, Интер поведе рано преку Ето, но Баерн до полувреме го сврте резултатот во своја корист со головите на Гомес и Милер. Сепак, во продолжението се случи нов пресврт, Снајдер изедначи на 2-2, за во 88. минута Пандев да ја затресе мрежата за 2-3 и да го замолкне Минхен.