САД откако го назначија Покетино за селектор – губат од сите!

by riste
1 минути читање

САД со голем ентузијазам и доверба го назначија Маурисио Покетино за нов селектор, тие сметаа дека тој е вистинскиот човек кој треба да ги води на Светското првенство на кое се домаќини, но работите во моментов не изгледаат розеви.

Фудбалската селекција на САД се наоѓа во очајна форма. Ноќеска на свој терен загубија од Швајцарија со убедливи 4-0.

Овој пораз не би бил толку трагичен, ако не е фактот дека е четврти загубен меч во низа.

Претходно беа поразени од Панама, Канада и Турција.

Покетино на 11 натпревари ја водеше селекцијата на САД досега. Има пет победи, пет порази и едно реми. Таа статистика и не изгледа премногу лошо, но она што загрижува се четирите последователни порази во време кога полека треба да се темпира формата за Мундијалот.

Пред САД се два натпревари кои исто така може да бидат незгодни, со Јужна Кореја и Јапонија.

Потоа почнува Голд купот на кој ќе имаат противници по мерка за да ја вратат формата, но многумина веќе почнаа да се сомневаат во тренерските квалитети на Покетино, дали тој е вистинскиот избор за селектор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани