Русинките пресилни, Македонија убедливо поразена на вториот натпревар во Струмица

by Стефан
1 минути читање

Македонската женска фудбалска репрезентација двапати беше поразена од Русија во пријателските натпревари одиграни во Струмица.

На првиот натпревар на стадионот „Младост“, избраничките на селекторот покажаа борбеност и солидна игра, но Русинките ја искористија својата надмоќ и со головите на Полина Јукљаева и Залмиева славеа со 2-0.

Во вториот натпреевар Русија беше уште поубедлива. Гостинките поведоа уште во 15. минута преку Марија Дурнова, а во второто полувреме го потврдија триумфот со четири нови погодоци. Јукљаева повторно се запиша меѓу стрелците, додека Ишмухаметова постигна два гола, а конечните 5-0 ги постави Жукова.

Двата меча послужија како добра проверка за македонскиот тим во пресрет на претстојните квалификациски предизвици.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×