283
Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа пораз од 0-2 во првиот контролен натпревар против Русија во Струмица.
Гостинките од Русија до водство дојдоа преку Јукулјаева која ја затресе мрежата во десеттата минута, а резултатот на средбата го заокружи Залмиева во финишот од мечот.
Нашите фудбалерки ќе имаат нова шанса за реванш за три дена, кога во Струмица ќе се одигра и вториот контролен дуел меѓу двете селекции.
Претходно денеска натпревар имаше и младинската селекција до 19 години, која исто така беше поразена од Русија со 1-2. За гостинките погодија Сергеева и Каморина, додека Накова беше стрелец на единствениот гол за македонската репрезентација.