Претседателот на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге даде коментар за трансферот на Кристијано Роналдо од 112 милиони евра во редовите на Јувентус.
„Кога Јувентус го купи Роналдо, имав одредени сомнежи, бев љубопитен како тој ќе се покаже и се покажа како извонредно засилување. Пред неколку месеци бев во Торино на состанок и Андреа Ањели ми го покажа новиот тренинг центар. Роналдо беше во соблекувалната, не носеше маица и можам да кажам дека ретко кога сум видел такво тело, ми остави впечаток дека на секој тренинг дава 100% со цел да продолжи да игра на највисоко ниво уште неколку години“ – вели Румениге.
Кристијано Роналдо е под договор до 2022 и се водат преговори за продолжување на соработката. Тој оваа сезона е далеку најдобар стрелец во Јувентус и заедно со Лукаку се најдобри стрелци во Серија А со 16 погодока.