Португалецот
минатото лето реши да стави крај на девет годишниот престој во Реал Мадрид,
прифати нов предизвик и направи рекорден трансфер во Јувентус вреден 112
милиони евра.
Поради неговите години и стилот на игра во Серија А, одредени луѓе беа скептици но Кристијано
Роналдо брзо се адаптираше на Калчото и оваа сезона постигна 27 погодока на 40
натпревари во дресот на „Старата дама“.
Во интервју за магазинот ИКОН (кое во целост ќе биде објавено
во сабота), ЦР7 говореше за тоа како пристапил на новата авантура во неговата
кариера.
„Првата работа
која ја правам кога доаѓам во нов клуб е да бидам тоа што сум и ништо повеќе.
Мојата работна етика секогаш е иста. Морате да бидете скромни, да бидете свесни
дека не знаете баш се. Доколку сте паметни, учите ситни работи и детали кои ве
прават подобри како спортист. Во Јувентус се адаптирав перфектно, на сите им
покажав дека не продавам ветер и магла. Покажав кој е Роналдо и покажав дека
сум таму каде што сум поради тоа што се грижам за себе. Едно е да зборувате што
можете, а друго е да го правите тоа. Не случајно освоив пет „Златни топки“ и
пет титули во Лигата на шампионите“ – вели Кристијано Роналдо.
Тој исто така истакна
дека чувствува додатен притисок од млади години, и на прашањето дали по крајот
на кариерата ќе работи како тренер одговори: „Не ја отфрлам оваа можност“.