3,4K
Лучано Моџи го
договори трансферот на Роналдо пред 15 години, но зделката не се реализираше
поради тоа што Марсело Салас одби да се пресели во Спортинг Лисабон.
Поранешниот
директор на Јувентус сега изрази незадоволство поради тоа што „Бјанконерите“ повторно
се обидуваат да го ангажираат ЦР7, не се согласува со трансферот, но доцна
вечерва го најави Португалецот како нов играч на шампионот на Италија.
„Според мои
информации, Роналдо веќе потпишал за Јувентус, медицинските тестови ги направил
во Минхен“ – гласеше еден негов пост на Твитер по гостувањето во
телевизијата 7голд, каде се зборуваше за овој мега трансфер.