Роналдо сонува да стане светски шампион со Португалија

by
1 минути читање

Роналдо успеа да стане европски шампион со својата земја, но најголемиот сон е да го освои светот.

„Се уште сонувам за Светско првенство со Португалија. Се уште е возможно“, вели Роналдо.

Тој ќе има 37 години кога ќе игра со Португалија на СП во Катар 2022.

„Годините не се важни. Важно е како размислуваш. Не знаеш што ќе се случи утре, јас живеам во сегашноста, во моментот“.

„Во моментов сум добар, се чувствувам среќно, во добар момент од мојот житот сум и се надевам дека ќе играм уште многу, многу години“.

„Ова е фудбал и не знаеме што ќе се случи утре. Кога зборувам со младите момци, секогаш им велам „уживајте во моментот“ бидејќи не знаеме што ќе се случи. Моите очи ја гледаат иднината дека е многу, многу светла“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани