Роналдо со приватен медицински авион отпатува во Торино за да биде четири дена помалку во изолација

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо е на пат кон Италија, ЦР7 решил периодот на изолација да го помине во домот во Торино. Во прв момент се веруваше дека тој ќе биде во карантин во Португалија, но според протоколите, таму треба да помине 14 дена во изолација.

Италија пак има нови протоколи каде се потребни десет дена изолација и еден негативен тест за фудбалерот да се врати на секојдневите обврски, па затоа тој со приватен медицински авион отпатувал во Торино.

Како што стојат работите во моментов, Кристијано Роналдо ќе ги пропушти дуелите против Кротоне и Динамо Киев, но под знак прашалник е и пресметката со Лео Меси и Барселона.

Причина за ова се правилата на УЕФА, според кои, играчот мора да има негативен тест најмалку седум дена пред натпреварот за да добие дозвола за настап. Тоа значи дека Кристијано Роналдо треба да има негативен тест на 21. октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани