Роналдо се нервира кога син му пие кока кола и јаде чипс

by
1 минути читање

10-годишниот Кристијано Јуниор е дел од академијата на Јувентус и има импресивни партии, но Роналдо вели дека не му прави притисок да стане професионален фудбалер иако сака тоа да се случи.

„Ќе видиме дали син ми ќе стане голем фудбалер. Пнекогаш пие кока кола и јаде чипс и тоа ме иритира и тој го знае тоа“, вели Роналдо за „А Бола“.

„Понекогаш после тренинг ќе му речам да оди во када со ладна вода поради побрза рекуперација и тој ќе ми рече: „Тато, не можам, ладно е таму“. Но во ред, има само 10 години“.

„Секогаш му велам дека потреба е работа и посветеност за да се има успех“.

„Не му правам притисок да стане фудбалер, но би сакал да се случи тоа. Најважно е да се трудите да сте најдобри во работата што ја правите, без разлика дали тоа е фудбал или медицина“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×