Роналдо прогласен за „Фудбалер на векот“: Здодевно е да се игра без публика, ми фалат дури и свирежите од противниците

by
1 минути читање

Вечерва во Дубаи
се одржуваше церемонијата „Глoуб Сокер Авордс“ а Кристијано Роналдо уште еднаш
беше главен протагонист, Португалецот беше избран за „Фудбалер на векот“. До
ова признание, тој стигна пред Лео Меси и Мо Салах.

Доколку постигне
гол во 2021, ЦР7 ќе биде единствениот играч кој постигнувал погодок 20 години.

„Не знаев дека
има ваков рекорд за постигнување, но задоволство е да се постигнат толку многу
рекорди. Не е лесно толку многу години да се биде на врвот, но бројките говорат сами
за себе. Горд сум, но без големи соиграчи, тренери и клубови, ова немаше да
биде возможно
“ – вели Кристијано Роналдо.

„Пред некоја
недела ме избраа за идеалните 11 на „Златната топка“. Чест ми е што сум тука на
оваа церемонија со фантастични играчи како Левандовски, Касиљас и Пике. Имам 36
години но се уште сум заљубен во фудбалот и покрај тоа што долго време правам
исти работи и исти вежби“.

За оваа тешка
година, ЦР7 додава: „Здодевно е да се игра на празни стадиони. Ги почитуваме
протоколите бидејќи здравјето е многу важно. Играм само поради пасијата која ја
имам и професионалната обврска, не би сакал да играм при вакви услови“.

„Бизарно е да се
игра без навивачи. Сакам да слушнам апллауз, а ме недостасуваат и свирежите од
противничките фанови кога ќе добијат топка или ќе постигнам гол, тоа ме
мотивира. Се надевам дека во 2021 повторно ќе ги видиме фановите на трибини“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×