Роналдо прифатил две години затвор и парична глоба од 18.8 милиони евра

by
2 минути читање

ЦР7 е обвинет
дека затаил данок помеѓу 2011 и 2014 и против него се води судски процес во
Мадрид. Последните информации велат дека ѕвездата на Реал и
обвинителството постигнале вербален договор за две години затвор и парична глоба од
18.8 милиони евра.

Но за дадениот
збор да биде преточен на хартија, зелено светло треба да даде и новиот прв
човек на даночните служби.

Со оглед на тоа
дека во Шпанија не се лежи затвор за казни кои не надминуваат 24 месеци доколку
тоа е прв престап, ЦР7 нема да заврши зад решетки. Ел Мундо исто така додава
дека Роналдо дополнително ќе побара затворската казна да му биде заменета со
парична кога судијата ќе го добие договорот помеѓу обвинителството, даночните
власти и фудбалерот.

Со еден ваков
потег Кристијано Роналдо ќе се осигура дека ниту во иднина нема да заврши зад
решетки доколку за некој друг случај биде осуден на затворска казна од две или
помалку години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани