65
Во вторникот, Јувентус беше елиминиран од Лигата на шампиони а Кристијано Роналдо беше посочен како еден од виновниците.
ЦР7 вчера се огласи и порача дека не е важно колку пати ќе паднеш, туку колку брзо ќе станеш на нозе. Очигледно тој брзо го заборави Порто и вечерва три пати ја тресеше мрежата на Каљари во триумфот на Јувентус од 1-3.
Откако го комплетираше хет-трикот, Португалецот прослави со контроверзен гест, се упати кон камерата и го стави прстот на уво. Кристијано Роналсо очигледно сака да слушне што ќе кажат сега луѓето кои го критикуваат.
Post muto #Ronaldo pic.twitter.com/RzgJeSDQzA
— Annamaria (@Anna_1897) March 14, 2021