ЦР7 оваа недела
одново беше во центарот на вниманието откако во својот прв настап во новото
натпреварување Лигата на нации, постигна три гола и ја однесе Португалија во
финале.
Во пресрет на
дуелот со Холандија, Кристијано Роналдо седна пред камерите на УЕФА и откри
која е тајната за неговата младост.
„Важна е подготовката, мојата работна етика. Се чувствувам добро и покрај тоа
што имам 34 години. Но најважна е психичката состојба, да бидете мотивирани и
среќни. Продолжувам да чекорам по патеката која ја имам зацртано, мислам дека
имам уште многу да понудам и се чувствувам многу добро“ – вели Португалецот.
„Секогаш е чест
кога ќе се вратам во националниот тим, тоа што сум дел од ова ново
натпреварување ја прави ситуацијата поспецијална, а погодоците се само црешната
на врвот на тортата“.
„Холандија има
одличен тим, играат навистина добро. Ги гледав нивните последни натпревари и
имаат одлична комбинација на млади и искусни играчи, и затоа се многу силни.
Знаеме дека ќе бидат тежок противник“.