Првата ѕвезда на
Јувентус, Кристијано Роналдо ќе биде подложен на медицински тестови поради
повреда на глуждот, а сево ова доаѓа во пресрет на гостувањето кај Наполи во
дербито на 25 коло од италијанската Серија А.
Клубот од Торино
објави соопштение во кое потврди дека на денешниот тренинг, Даглас Коста и
Роналдо работеле одвоено од останатите, а тестовите за Португалецот се
планирани за денес и утре.
Иако ги одигра
сите 90 минути од мечот кај Болоња кој Јувентус го доби минимално во последниот
меч во Серија А, Португалецот се пожалил на повреда при удар на тој меч, а
освен ова, Јувентус објави дека на тренинг се вратија Емре Џан и Миралем
Пјаниќ, што се однесува до Сами Кедира, тој продолжува со рехабилитација по
успешната операција на срцето при што ќе има еден месец пауза.
Старата дама
претстојнава недела гостува кај Наполи, а дуелот се игра во стандардниот
вечерен термин со почеток од 20,30 часот.