Роналдо му ги мати плановите на Интер, ЦР7 побарал од Јувентус да го ангажира Ди Марија

by
1 минути читање

Анхел Ди Марија ја одработува последната година од договорот со ПСЖ  и нема никаков абер за продолжување на соработката.

Се шпекулира дека неговиот агент, Жорж Мендеш остварил контакт со Интер и се водат дискусии за тригодишен договор.

Но плановите на „нероаѕурите“ ги мати Кристијано Роналдо, кој четири години играше покрај Аргентинецот во Реал Мадрид. Наводно ЦР7 побарал од раководството на Јувентус да го ангажира Анхел Ди Марија.

Останува да се види каква ќе биде иднината на Анхел Ди Марија, доколку не пронајде согласност со ПСЖ за нов договор, веќе во јануари може да постигне пред-договор со друг клуб и за беспари да направи трансфер по крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани