Кристијано Роналдо мисли дека за него не важат правилата. Според пишувањата
на Газета дело Спорт, ЦР7 бил лут и беснеел во соблекувалната на Јувентус кога
по мечот со Наполи му било кажано дека мора да остане во изолација.
Напаѓаот не го прифатил објаснувањето на раководството на Јувентус и прв го
напуштил „меурот“ за да се врати во Португалија и да може да настапи на
пријателскиот натпревар против Шпанија.
Според протоколите во Италија, кога некој фудбалер или член на клубот е
позитивен, сите одат во изолација во тренинг центарот, се креира „меур“ и се
чека два негативни теста за да добијат дозвола да го напуштат „меурот“.
Јувентус веќе го пријави Кристијано Роналдо до надлежните здравствени
власти (АСЛ од Торино) како и уште други шестмина фудбалери кои не ги следеа
протоколите. Сите се предадени на обвинителството, но се верува дека ќе поминат
само со парична казна и тоа од 400 евра, што сигурно нема да им преставува
никаков проблем.