„Бјанконерите“ за
малку ќе испуштеа победа на гостувањето на Сан Паоло иако на полувреме заминаа
со предност од 0-2 и играч повеќе. На стартот од вториот дел Пјаниќ заработи
втор жолт картон и исклучување, па со израмнети сили на теренот, гостите решија
да се повлечат и да го чуваат водството.
Каљехон ги врати
во живот домаќините, и потоа следуваше силен притисок и период на игра во кој
Јувентус тешко излегуваше од својата половина и едвај сврзуваше неколку
додавања. Во финишот домаќините имаа огромна прилика за реми откако судиаја
покажа на белата точка, но Инсиње беше трагичар и промаши од 11 метри.
Според Скај Спорт,
Кристијано Роналдо бил лут и бесен на теренот во второто полувреме, на ЦР7 не му се допанал
пристапот на тимот, и во неколку наврати своето незадоволство го демонстрирал со
гестови кон клупата и му дофрлал на Макс Алегри за дефанзивната игра.