Роналдо конечно проговори за најглупавата фризура во историјата на фудбалот

by
2 минути читање

Фудбалерите често
знаат да воспостават тренд и додека „мохината“ на Дејвид Бекам беше хит на СП
2002, сите му се потсмеваа на Роналдо за лудата фризура.

15 години
подоцна, „Феноменот“ ја отрки причината за фризурата која важи за една од најглупавите во историјата
на фудбалот.

„Имав проблеми со
препоните, бев подготвен само 60%
– вели Роналдо во разговор со ЕСПН.

„Сите зборуваа за
мојата повреда. Но кога на тренинг се појавив со фризурата, сите престанаа да
зборуваат за повредата
.

Очигледно овој
трик со фризурата вродил со плод, Роналдо мундијалот го заврши со осум погодоци
и го предводеше Бразил до трофејот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани