Јувентус е се
посериозен во интересот за ангажман на Марко Асенсио, а сево ова доаѓа по
големата желба на првата ѕвезда на италијанскиот првак, Кристијано Роналдо,
велат шпекулациите поврзани на оваа тема.
Асенсио повеќе не
е во преден план во тимот на Кралевите под кормилото на Сантијаго Солари, а
наводно Старата дама сака да ја искористи таа ситуација, пишува Раи Спорт.
22 годишниот
офанзивец не игра во својата посакувана форма, а досега во новата сезона
постигна еден гол настапувајќи во Примера, односно Лигата на шампионите.
Герет Бејл и
Карим Бензема се покажаа како клучни фудбалери на шпанскиот гигант во новата
сезона од офанзивниот ред на таа екипа, а Асенсио иако стартуваше на 10
натпревари во Примера, тој повеќе не е автоматски во преден план кај новиот
тренер.