Роналдо иако е позитивен ќе излезе од самоизолација и ќе почне да тренира?!

by
1 минути читање

Португалецот е заразен
со ковид-19 од 13. октомври, фудбалерот на Јувентус е асимптоматски но се уште
нема добиено негативен тест. Сепак, иако е позитивен, Кристијано Роналдо за три
дена може да излезе од самоизолација и да почне да тренира.

Според
протоколот, лицата кои се асимптоматски и имаат ниска вирулентност, можат да
излезат од самоизолација по 21 ден и да се вратат на своите редовни обврски
бидејќи се смета дека е невозможно да ги заразат другите.

Кристијано
Роналдо сепак нема да може да игра натпревари бидејќи за тоа му е потребен
негативен тест.

Пред Јувентс сега
се мечевите со Спец
ија во недела и со Ференцварош во среда. За ЦР7 да добие
зелено светло за настап, треба да има негативен тест на 48 часа пред натпревар
од Серија А и на 24 часа пред натпревар од Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани