88
Торино се бори за позициите кои водат во Лигата на шампионите, а на Јувентус не му требаат бодови. Но кога се работи за градското дерби секој сака да победи, така беше и вечерва.
Торино поведе уште во 18. минута со гол на Лукиќ, а потоа Јувентус постојано се обидуваше да дојде до изедначување.
Тоа конечно се случи во 84. минута кога Кристијано Роналдо погоди со глава за конечни 1-1.