Официјално Кристијано Роналдо има повреда на зглобот на левата нога откако доби удар на мечот со Болоња. Но според „Скај Спортс Италија“ не се работи за сериозна повреда.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Роналдо нема да игра во недела на Сан Паоло против Наполи.
Весникот додава дека Португалецот би можел да биде на клупата и евентуално во игра да влезе во вториот дел. Но приоритет е да се врати во Торино без повреди.
Јувентус има дури 13 бодови предност пред Наполи во Серија А, па јасно е дека битката за Скудетото е завршена, италијанскиот шампион со мислите повеќе е на реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите каде има тешка мисија да надополни пораз од 2-0.
Се претпоставува дека Јувентус ќе го штеди Кристијано Роналдо на мечевите од Серија А со цел тој да биде во идеална физичка и здравствена кондиција за мечот со Атлетико Мадрид на 12. март.
Покрај неделниот дуел со Наполи, пред натпреварот од ЛШ, Јувентус ќе игра и со Удинезе на 8. март, се верува дека и на тој меч Роналдо би можел да одмара.
Многу поверојатно е дека Јувентус нема да го игра Роналдо како превенција од повреда отколку тој да отсуствува поради болки во зглобот.