Португалецот не
чекаше многу за да изрази незадоволство и по последниот свиреж во финалето од Лигата на шампионите најави
заминување од Реал Мадрид. Се верува дека зад ваквиот потег на Кристијано
Роналдо стои неисполнетото ветување за нов побогат договор.
ЦР7 во моментов
заработува околу 20 милиони евра по сезона, што е далеку помалку од Нејмар (околу 37
милиони евра) и Меси (околу 50 милиони евра).
Според пишувањата
на „Ел Конфиденсиал“, Кристијано Роналдо преку својот агент Жорж Мендеш му ги
соопштил условите на Флорентино Перез за продолжување на Сантијаго Бернабеу и
побарал бруто плата од 240 милиони евра за трите години кои му
остануваат од договорот.
„Очиглендо,
Кристијано Роналдо не прифаќа да заработува помалку од Меси и Нејмар“ – се вели
во сторијата.
Тоа значи, ЦР7 да
добива речиси 50 милиони евра нето сума секоја година кога ќе има 34, 35 и 36 години. Сепак,
на Флорентино Перез не му паѓа на ум да одвои таква плата, бидејќи очекува во
иднината перформансите на играчот да опаѓаат поради неговата возраст, а и
поради тоа што бројката од 240 милиони евра ќе преставува сериозно
оптоварување на буџетот и ќе остави малку простор за носење на „галактико“
засилување како Нејмар.