Во разговор со
магазинот ИКОН, Португалецот беше запрашан дали луѓето го гледаат како робот и
очекуваат секоја недела тој да игра на врвно ниво и да ги тресе противничките
мрежи.
„Секако дека не ме гледаат како робот, но ме гледаат како човек кој нема
проблеми, кој не може да биде тажен, кој не може да има грижи. Луѓето гледаат
низ призмата на парите и успехот и чим го имаш ова, не можеш да имаш
проблеми. Како може Кристијано да биде тажен кога има милиони? Но го разбирам
тоа. Знам дека луѓето со сачмарка чекаат Крис да промаши пенал или да одигра
лошо на голем натпревар и веднаш да ме нападнат. Ова е дел од животот и треба да бидете подготвени за
вакви работи, а јас со години се подготвувам“ – вели Кристијано Роналдо.