520
Денешното дерби
помеѓу Јувентус и Барселона во Лигата на шампионите ќе биде осиромашено поради
неиграњето на Кристијано Роналдо.
Португалецот е заразен
со ковид-19, но со оглед на тоа дека нема симптоми, постоеше можност да добие зелено
светло за настап со негативен тест на 24 часа пред мечот. Сепак, синоќешниот резултат
беше позитивен па ЦР7 нема да излезе на мегдан со Лео Меси.
По ваквиот развој
на настаните, Кристијано Роналдо фрли сомнеж на тестовите за коронавирус.
На социјалните
мрежи тој попладнево напиша: „Се чувствувам добро и здраво. Форца Јувентус“, а
потоа во коментарите додаде: „ПЦР е ср*ње“.