Многу гласни се шпекулациите дека Роналдо ова лето ќе премине во Јувентус. Реал Мадрид го намали обештетувањето и наводно се договориле со италијанскиот клуб за сума од 100 милиони евра Португалецот да направи трансфер.
Јувентус му нуди четиригодишен договор на Роналдо со плата од околу 30 милиони евра годишно, а овој трансфер го форсира и спонзорот „Адидас“ кој се надева дека ќе продаде огормна количина на дресови со името на Португалецот.
Последните информации од Шпанија кои во сите италијански медиуми се топ вест, се дека Кристијано Роналдо веќе бара куќа во Торино, а тоа е сериозен знак дека работата околу неговиот премин во Јувентус е во завршна фаза.
Во наредните денови се очекува и официјално соопштение од некоја од страните за можниот трансфер на Роналдо во Јувентус.